Во Германија се исклучуваат последните антени за „3Г“ мобилната технологија, бидејќи и последниот „О2“ оператор објави дека ги исклучува своите преостанати 300 антени.
Фрекфенциите кои се ослободуваат од нив „О2“ сака да ги искористи за унапредување на стандардите за „4Г“.
Другите оператори „Водафон“ и „Дојче Телеком“ веќе го исклучија застарениот „3Г“ стандард ова лето, а „О2“ се одлучи постепено да го укинување.
„’3Г’ технологијата е застарена, поради што ќе ја исклучиме до крајот на годината“, најави Маркус Хас, портпарол на компанијата „Телефоника“ во Германија, во чија сопственост е „О2“.
Тоа што денес е застарено пред две децении се третираше како иновативна технологија, која отвори многубројни можности.
Државата на тендер за „3Г“ лиценци во 2000 година заработи околу 50 милијарди евра. Според мислењето на операторите тоа биле премногу пари, заради кои што на овој сектор му недостигале средства за проширување на мрежата, и долги години корисниците на мобилната телефонија биле соочени со „дупки“ во мрежата.
Во меѓувреме тоа е решено и веќе не постојат „дупки“ во кои нема прием на сигналот.
Хаосот и гневот на корисниците кои што се очекуваа поради исклучувањето на „3Г“ изостанаа, бидејќи повеќето нови телефони користат секако „4Г“ технологија.
Постарите уреди ќе можат и понатаму да работат, но преку мрежата со „2Г“ стандарди, кои операторите сè уште ја одржуваат.
Германските оператори веќе на големо работат на ширењето на новиот „5Г“ стандард низ целата земја, кој за неколку години ќе го замени сегашниот „4Г“.