Германската министерка за одбрана, Анегрет Крамп – Каренбауер, ги отфрли повиците германските војници да се вратат во Авганистан откако силите на Талибанците го завзедоа градот Кундуз во кој германските трупи беа распоредени повеќе од десет години.
Германија имаше втор по големина контигент во Авганистан, веднаш зад американскиот, и во борбите во Кудуз загуби повеќе војници од било каде по Втората светска војна.
Во офанзивата која ја покренаа по заминувањето на странските трупи, бунтовниците во текот на викендот завзедоа три провинциски престолнини, вклучувајќи го и Кудуз.
„Извештаите што доаѓаат од Кудуз и од целиот Авганистан се горливи и болни. Дали сме како општество и парламент подготвени да ги испратиме нашите оружени сили во војна која би можела да потрае цела една генерација? Ако не сме, тогаш заедничкото повлекување со нашите партнери е и понатаму вистинска одлука“, порача министерката Крамп – Каренбауер на својот Твитер профил.
Некои кругови во нејзината конзервативна партија сакаат германските трупи да учествуваат во интервенцијата против Талибанците, но Крамп – Каренбауер вели дека до поразот на Талибанците следи долга и напорна воена кампања.