Огромно мнозинство Германци, повеќе од 70 отсто, сака Франк Валтер-Штајнмаер, актуелниот претседател на државата, да добие уште еден мандат за таа функција.
Тоа го покажа истражувањето на јавното мислење објавено денеска, во кое Германците го искажаа задоволството од неговата работа. Со работата на Штајнмаер се задоволни дури три четвртини од жителите.
Позадоволни се граѓаните постари од 60 години, отколку младите, како и западните Германци, повеќе отколку нивните сонародници на истокот.
Околу 85 проценти од Германците се против тоа реизборот на Штајнмаер да се поврзува со „постизборниот покер“, кој трае овие денови, во настојувањето да се оформи владина коалиција, затоа што ниту една партија нема доволно гласови да владее сама.
Првиот мандат на Штајнмаер завршува во февруари следната година.