Луѓето со попреченост се соочуваат со многу пречки и проблеми во секојдневниот живот, но најновиот производ на Мајкрософт сега им дава можност за полесна рекреација преку видеоигрите.
Всушност, со новиот пронајдок, тие ќе можат да ја почувствуваат возбудата и подобро од сите други луѓе. Икс-бокс прилагодливиот управувач го олеснува играњето видеоигри, и така, всушност претставува додаток за усовршување на ортопедските колички.
Компанијата Ејбл-гејмерс черити работи на технолошки новитети како помагала за гејмерите со попреченост. Сега тие од електричниот управувач возење на количката, направија џојстик компатибилен со Иксбокс уан. Посебниот адаптер овозможува комуникација на управувачот со самата конзола на Икс-бокс.
Ејбл-гејмерс засега ги изработува овие адаптери благодарение на донации.
Проценките говорат дека цената на еден уред би можела да биде меѓу 30 и 35 долари, без трошоците за набавка.
Натаму, технологијата може да се прилагодуваат и користат на другите слични конзоли и компјутери.