Полицијата во Лос Анџелес денеска се обидела да деактивира повеќе тони илегален огномет. Следела експлозија во која се повредени 27 лица, меѓу кои има и полицајци.
Како што јавува „ЛА Тајмс“, противексплозивниот Оддел на полицијата во Лос Анџелес се обидел на сигурен начин да деактивира запленети импровизирани експлозивни направи и повеќе тони илегален огномет, но во тоа биле неуспешни.
Експлозијата одекнала во резиденцијалнниот кварт, заради што се оштетени куќи и автомобили, а камионот во кој бил илегалниот огномот е тешко оштетен.
На социјалните мрежи се шират снимки од екслозијата и од штетите од неа.
https://youtu.be/KcHYMUVcIxM
Полицискиот началник на Лос Анџелес, Мишел Мор, на прес-конференција рече дека полицијата во една куќа пронашла повеќе тони илегален огномет и импровизирани експлозивни направи кои ги опиша како нестабилни.
Веднаш потоа експертите за експлозиви запленетите работи ги преместиле во железна комора во специјално возило наменето токму за превоз на таков материјал. Полицајците го активирале експлозивот, уверени во тоа дека комората и возилото ќего издржат сиот притисок, но дојде до катастрофален превид.
„Се е направено според протоколите за вакви ситуации, но очигледно нешто се случило во возилото што не смеело да се случи. Не знаеме зошто дојде до сето ова, но ќе откриеме“, рече Мор.
Во несреќата се повредени девет полицајци и еден федерален агент од Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви. Во болница се пренесени и шест цивили – тројца со тешки и тројца со лесни повреди.