Крадци во Њујорк го искористиле пречекот на Нова година, ноќта меѓу саботата и неделата, за да украдат накит вреден шест милиони долари и тоа пред носот на илјадници полицајци распоредени во непосредна близина, на Тајм сквер.
Полицијата сеуште трага по тројцата кои ги снимиле надзорните камери на КГК Холдинг, фирма за накит со седиште во Индија.
Околу 22 часот по локално време на 31 декември, додека речиси еден милион луѓе на Тајмс сквер ја чекаа Новата година, а 7.000 полицајци се грижеа за безбедноста, тројцата крадци влегле во зградата во која се наоѓа споменатата компанија.
Се качиле на шести кат и со чекани и метални прачки ја отвориле вратата, после што испразниле два сефа со накит.
Со пленот побегнале веднаш после полноќ, токму кога прославата на Тајмс сквер го достигнала врвот.
Крадците не ги спречи ниту големиот број камиони кои полицијата ги постави како дополнителна сигурност.
https://www.youtube.com/watch?v=ycO9L2p5zhI&feature=youtu.be