Никола Груевски и партиска делегација од ВМРО-ДПМНЕ во Минхен остварија средбa со македонски иселеници.
На средбata било разговарано за актуелните состојби во Макеоднија, за престојните избори и за разрешувањето на политичката криза
Груевски истакнал дека изборите требало да стават крај на политичката криза, при што граѓаните на слободни и демократски избори ќе се одлучеле за иднината.
Посочил дека потребен е крај на кризата за да се продолжи со економските реформи и спроведувањето на мерки кои што ќе значат подобрување и унапредување на животниот стандард во Македонија.
Груевски и делегацијата од ВМРО ДПМНЕ се сретнаа и со премиерот на Баварија и лидер на Христијанско-социјалната унија, Хорст Зехофер. Планирани се средби и со поранешниот премиер на Баварија и лидер на ЦСУ, Едмунд Штојбер, како и со извршниот директор на Индустриската и трговска комора на Минхен и Горна Баварија, Петер Дрисен.