Поранешниот премиер Никола Груевски продолжува да врши увид на градежни работи и да пушта во употреба објекти изградени од државата.
Тој денеска најави дека ќе бидат реконструирани и изградени уште неколку училишта, иако веќе не е ниту дел од парламентарното мнозинство кое ќе ја формира новата влада.
„Годинава планирани се 4 нови училишта, за три е завршен е тендерот, потпишан е договор и во наредните денови ќе започне градбата, а за недела–две од сега, ќе се потпише и договор за четвртото училиште што е планирано за оваа година“, изјави Груевски на отворањето на ново спортско игралиште во населбата Припор.