Телевизијата 1Тв синоќа објави дека врз основа на информации од нивни извори, дознаваат дека поранешниот премиер Никола Груевски кој илегално замина во Унгарија, се наоѓа во вилата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, откако првата вечер во таа земја ја поминал во хотелот „Коринтија“ во Будимпешта.
Груевски самиот на на својот Фејсбук профил објави дека се наоѓа во Унгарија, каде бара политички азил.
Унгарските служби не сакаат да коментираат додека не завршат сите постапки, со што индиректно потврдуваат дека Груевски побарал азил.
МВР вчера распиша меѓународна потерница.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека додека трае постапката за азил, Груевски не може да биде екстрадиран.