Британскиот премиер Борис Џонсон, го отвори денеска завршното заседание на самитот на Г-7 кое е посветено на климатската криза.
Тој рече дека учесниците на самитот ќе се обврзат на финансирање на борбата проитив климатските промени, постепено укинување на употребата на јаглен, воведување на електрични возила и на заштита на природата и биодиверзитетот, пренесе британскиот весник „Гардијан“.
Џонсон потоа го претстави сер Дејвид Атенбороу, активист за зашитита на животната средина, којшто виртуелно им се обрати на водачите на седумте најразвиени држави, велејќи дека одлуките кои ќе бидат донесени оваа деценија можат да бидат најважни во историјата.
Тој им порача на учесниците на самитот дека борбата против климатските промени сега е подеднакво и аполитички и научен предизвик.
… „Знаеме детално што се случува со нашата планета и знаме многу работи кои треба да ги направиме во текот на оваа деценија“
сер Дејвид Атенбороу