Данската премиерка Мете Фредериксен денес треба да објави дека до крајот на јануари во земјата ќе бидат укинати сите ограничувања воведени заради пандемијата со ковид-19, објави дневниот весник „Јуландс-Постен“, повикувајќи се на повеќе извори.
Локалните медиуми наведуваат дека најверојатно ќе бидат укинати сите мерки за граѓаните, иако на сила би можеле да останат ограничувањата поврзани со патувањата. Актуелните мерки против сузбивањето на ширењето на заразата со ковид во Данска се на сила до 31 јануари.
„Локал.дк“ пишува дека Фредериксен најверојатно ќе објави дека ковид-19 повеќе не спаѓа во категорија што претставува критична закана за општеството. Оваа класификација и овозможува на владата да ги „тргне“ ограничувања што имаа за цел да го спречат ширењето на вирусот.
(Фото: ЕПА)