Од денеска Данска ги укинува сите останати мерки воведени за да се спречи ширењето на корона вирусот, што е потег што се објаснува со висока стапка на вакцинираност на населението.
Луѓето повеќе нема да мораат да покажуваат ковид-потврда на која се гледа дека се вакцинирани, дека прележале ковид или, пак, имаат негативен тест, диру ни на големите настани, како што се фудбалските натпревари, а ниту во ноќните клубови, кои неодамна повторно се отворија.
Данска повеќе нема да го класифицира ковид-19 како „општествено критична болест“.
Низ изминатите неколку месеци владата постепено ги укинуваше обврската за носење маски и другите мерки.
Ноќниот живот повторно е дозволен од почетокот на овој месец, после година и пол откако беше се затворено. На почетокот луѓето мораа да покажуваат ковид потврди, а од сега тоа не мораат да го прават. Таа обврска е укината и за баровите, теретаните и другите активности во затворени простории.
Министерот за здравство Магнус Хајнке кон крајот на август рече дека попуштањето е резултат на големиот број вакцинирани.
Досега дури 83 отсто од Данците постари од 12 години се вакцинирани.
Сепак, за патниците кои влегуваат во земјата од странство, некои рестрикции ќе останат на сила. Дали за влез во Данска ви треба тест, зависи од која држава или регион доаѓате.
(Фото: ЕПА)