„Данската Агенција за енергетика издаде дозвола за изградба на ‘Северен тек 2’. Агенцијата и издаде одобрение на компанијата ‘Норд стрим 2’ за изградба на делот од гасоводот во копнениот појас на Данска и југоисточно од Борихолм во Балтичкото море“, се наведува во соопштението на агенцијата.
Според проценките, таа траса била најбезбедна и во склад со еколошките норми.
„Северен тек 2“ е практично изграден, досега се „освоени“ 2.100 километри, и планирано е неговата експлоатација да почне кон крајот на 2019 година.
Шефот на „Гаспром“, Алексеј Милер, прогнозира дека за изградбата на делот од гасоводот низ данските води (147 километри) ќе бидат потребни пет недели.