Британската влада одрекува непостоење на официјален план за Брегзит, како што се тврди во извештајот кој деновиве протече во медиумите.
Како што денес пренесе лондонскиот весник „Тајмс“, документот го подготвил консултант и во него се наведува дека „заеднички стратегии за Брегзит нема“.
Од канцеларијата на премиерката Тереза Меј велат дека „не е во прашање владин извештај и дека владата не ги прифаќа тврдењата изнесени во него“.
Во извештајот, во кој имал увид и Би-Би-Си, се наведува дека владата можеби ќе мора да ангажира и до 30 илјади луѓе за работи околу Брегзит.
Според тој извештај, наспроти бројните дебати од референдумот за Брегзит од 23 јуни, на членовите на британската влада најверојатно ќе им бидат потребни дополнителни шест месеци за да се сложат околу стратегијата за излегување на земјата од Европската унија.
Британската влада планира да ги почне преговорите за излегување од ЕУ до 31 март.