Индексот на Њујоршката берза Дау Џонс пак ја собори рекордната вредност затоа што скокот на цената на нафтата ги поттурна енергетските компании.
Дау Џонс со раст од 0,4 отсто на почетокот на денешното тргување го надмина нивото од 19.200 поени.
Покрај енергетските компании, денес порасна вредноста и на американските банки затоа што новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, за министер за финансии го избра Стивен Мнучин, кој работеше во Голдман Сакс.
Веднаш по потпишувањето на договорот за намалување на производството на нафта денес цената на „црното злато“ скокна за седум отсто на 48,4 долари по барел, додека нафтата Брент поскапе за 7,6 отсто на 49,9 долари по барел.
Акциите на Ексон Мобајл скокнаа за два отсто, а на Шеврон за 2,2 отсто.