Волстрит денеска го почна тргувањето во плус. Индустрискиот индекс Дау Џонс прв пат во историјата ја помина границата од 26.000 поени.
Европските берзи, пак, забележаа различни резултати. Германскиот индекс ДАКС скокна за 0,8 отсто, францускиот КАК за 0,2 проценти, додека лондонскиот ФТСЕ 100 падна за 0,1 отсто, пренесува агенцијата АП.
Во САД, широкиот индекс С&П скокна за 0,7 отсто, на 2.805 поени, индустрискиот Дау Џонс за 1,0 отсто, на 26.069 поени, а технолошкиот Насдак за 0,9 отсто, на 7.326 поени.
Доларот скокна на 110,82 јени, од вчерашните 110,52, додека еврото падна на 1.2220 долари, од 1.2181 долари.
Во Азија токискиот индекс Никеи скокна за 1,0 отсто, а хонкошкиот Ханг Сенг за 1,8 отсто, наведува американската новинска агенција.