Дваесет и еден нов случај на КОВИД-19 регистрира Институтот за јавно здравје во изминатите 24 часа од направени 3227 тестирања. Седуммина се оздравени и нема починати пациенти. Од новодијагностицираните, 11 се во Тетово, по тројца во Скопје и Куманово, двајца во Струга и по еден нов случај во Гостивар и Штип.
Од седумтемина оздравени, по двајца се во Скопје и Куманово и по еден оздравен имаат Битола, Тетово и Кичево.
Епидемиолошка анализа по градови на вкупно заболени и на активни случаи во моментов:
Скопје 68 711, Активни 66
Куманово 8887, Активни 12
Прилеп 8328, Активни 3
Тетово 7307, Активни 65
Битола 6310, Активни 5
Велес 5474, Активни 0
Гостивар 5189, Активни 8
Кавадарци 5155, Активни 2
Охрид 5021, Активни 11
Штип 4961, Активни 1
Струмица 4123, Активни 5
Струга 2985, Активни 4
Кочани 2792, Активни 0
Кичево 2600, Активни 12
Гевгелија 2195, Активни 0
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1524, Активни 0
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 0
Радовиш 1161, Активни 0
Берово 1032, Активни 2
Делчево 973, Активни 0
Дебар 942, Активни 1
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 667, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0
Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 155 823 од направени 914 381 тестирања.
Оздравени се 150 139 пациенти, починати 5487, а активни 197 случаи.