Издавачката куќа „Феникс“ објави две книги со афоризми од Христо Петрески, „Филозофија на брзањето“ и „Лаење без каење“.
Книгите содржат по сто афоризми кои се однесуваат на секојдневието, размислувањата, заблудите, вознесите, разочарувањата, градот, апсурдите и парадоксите.
Петрески, со афоризми преточени во вид на филозофеми е застапен во Антологијата на македонскиот современ афоризам „Врели мразови“ што неодамна ја подготви Васил Толевски.