Во трката за кандидат на Социјалистичката партија на претседателските избори во Франција следната година учествуваат деветмина, а фаворит во редовите на социјалистите е поранешниот премиер Мануел Валс.
Мануел Валс поднесе оставка на местото премиер на почетокот на декември откако најави дека ќе се кандидира за наследник на Франсоа Оланд кој се откажа од трката за втор мандат.
Валс се надева дека ќе ги соедини Социјалистичката партија на Франција, но има силна конкуренција во поранешниот министер за економија Арно Монтебур и поранешниот министер за образование Бено Амон.
Останатите кандидати се Силвија Пинел, Жерар Филош, Версан Пејон, Фабијен Вердије, Жан-Лик Бенамијас и Франсоа де Рижи.
Гласањето би требало да се одржи во два круга, од 22 до 29 јануари 2017 година.
Според последните анкети, во вториот круг на претседателските избори ќе има тесна трка меѓу лидерката на Националниот фронт Марин Ле Пен и кандидатот на десницата Франсоа Фијон.