Од 10 часот денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улица „Бел камен“ во населба Водно и делови од улиците „Козара“ и „Васил Ѓоргов“, најави ЈП
Водовод и канализација-Скопје.
Прекинот ќе биде поради изведување водоводен приклучок на ул. „Бел камен“ бр.3 и ќе трае до завршување на зафатот.