Дипломатски тениски турнир по повод националниот празник 11 Октомври традиционално по 23-ти пат ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.
Турнирот се одржува под покровителство на министерот за надворешни работи Никола Димитров.
На турнирот, како што најавуваат организаторите, учество ќе земат претставници на дипломатско-конзуларните претставништва и меѓународни организации во земјава, како и вработени во Министерството за надворешни работи.
Турнирот ќе се одржи на терените на ТК „Евросет“ во Скопје.