Христијански свештеник пронашол необработен скапоцен камен од 706 карати во западноафриканската држава Сиера Леоне, а станува збор за еден од најголемите дијаманти некогаш пронајдени во светот.
Пастирот Емануел Момох го пронајде дијамантот во рудник во селото Којади во западниот округ Коно, изјави министерот Алхаџи Минкаилу Мансарај.
Овој скапоцен камен е меѓу 20-те најголеми необработени дијаманти досега пронајдени во целиот свет.
Дијамантот во средата е предаден на претседателот Ернесто Короми кој вети дека ќе биде продаден транспарентно на меѓународна аукција и тоа на „купувачот кој ќе ја понуди највисоката цена“.
„Морам да им помогнам на владата и на својот народ, така што сите од ова ќе извлечеме корист“, рече портпаролот цитирајќи го среќниот наоѓач.
И покрај богатството на скапоцени камења кои можат да се пронајдат на една четвртина од подрачјето на Сиера Леоне, таа африканска држава од шест милиони жители е една од петте најсиромашни на светот, според класификацијата на Обединетите нации.
Сиера Леоне со години се бори против илегалната трговија со дијаманти, а тие беа мотив и за десетгодишна граѓанска војна во која беа убиени околу 70.000 луѓе.