Дефанзивецот на новиот англиски првак Манчестер сити, Рубен Дијас, е избран денеска за фудбалер на годината во Премиер лигата во избор на Здружението на спортски новинари.
Португалецот минатата сезона дојде во Сити од редовите на Бенфика за 56.6 милиони евра и стана само третиот играч во историјата на Премиер лигата, кој наградата ја освоил во својата прва сезона во англискиот фудбал.
Тимот чиј тренер е Пеп Гвардиола сезонава ја освои шампионската титула во Англија, како и Лига купот, а на 29 мај ќе има можност за тројна круна доколку триумфира над Челзи во финалето на Лигата на шампиони во Порто.
„Ова е голема привилегија за мене. Очигледно дека тоа немаше да бидам без успехот на тимот. Мислам дека ова признание е награда за трудот на целиот тим и за начинот на кој играме“, изјави Дијас.
(Фото: МИА)