Од денеска, од 13 часот, е дозволен влез во Грција и на македонските граѓани преку преминот „Евзони“, соопшти МВР.
За влез во Грција е потребен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, 14 дена поминати од ревакцина, признаени ќе бидат сите сертификати за извршена вакцинација, а за деца до пет години не е потребен ПЦР тест.
Тие што ќе патуваат ќе мора да пополнат и електронска пријава на сајтот www.travel.gov.gr, еден ден пред да патуваат заради обезбедување на ПЛФ (Passenger Locator form) документ.
Оваа мерка ќе се применува до 24 мај 2021 година.
Граѓаните ќе можат да остварат влез во Грција во периодот од 7.00 до 23.00 часот (по грчко време), или од 6.00 до 22.00 часот (по наше време), a за излез од Грција нема ограничувања, ГП „Евзони“ ќе работи 24 часа.
Протоколот за товарниот сообраќај останува ист.