Европската зелена партија од 25 до 29 мај, онлајн, го одржа 33-тиот Совет на европските зелени.
На Советот учествуваше и македонската Зелената партија – ДОМ.
Покрај претседателите на европските зелени партии и копретседавачот на Европската зелена партија, Томас Вајс, учество имаа и генералната секретарка, Мар Гарсија, вицепремиерката на Белгија, Петра де Сутер, и пратеничката на Зелените во
Бундестагот, Аналена Баербок, која што на претстојните избори во септември ќе биде кандидатка на германските Зелени за канцеларка на Германија.
Во четиридневната работа делегатите на европските зелени партии, активистите и поддржувачите на зелените политики разменија мислења околу изнаоѓањето ефикасни решенија за повеќе актуелни проблеми и прашања поврзани, пред се, со перспективите и унапредувањето на заедничката зелена иднина и справувањето со климатските промени.
Советот на Европската зелена партија усвои 11 резолуции: За иднината на Европа, За транснационални листи, Согласноста е секси, Европската унија апелира Кина со својата политика да ги поддржи човековите права и меѓународното владеење на правото, Четиридневна работна недела – за позелена, еднаква и поправедна Европа, Фер дистрибуција и глобален пристап до COVID вакцини, Стратегија „од фарма до вилушка“, Одржливи капацитети за закрепнување и обнова – за зелена и праведна транзиција, 2021 – година на железниците – за зелен железнички сообраќај, За “Smart city” – паметни градови и За одбрана на нашите основни права во поглед на биометрискиот надзор на јавни места во Европа.