Кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари од СДСМ, Курто Дудуш, го осуди инцидентот што се случи во оваа општина, во кој е повреден градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, и побара МВР да се остави да ја заврши истрагата.
„Секое насилство, особено во изборен период, е недозволиво. Затоа јавно го осудувам насилството како метод за да се надминат недоразбирањата и разликите. Овој изборен процес Шуто Оризари ќе го помине во фер и демократска атмосфера, не дозволувајќи настанот што се случи да поттикне натамошни тензии и инциденти – се наведува во соопштението.
Тој вели дека, бидејќи не бил присутен на настанот, не е во можност да даде објективна слика и детали за настанот, но дека верува во работата на институциите.
„Во интерес на истрагата нема да излегувам со детали што ги имам слушнато од сведоци. Да оставиме институциите да си ја завршат професионално работата и за крајниот исход по завршување на истрагата ќе биде известена и целата јавност , вели Дудуш во пишаната изјава.