„На годишнината од упадот на толпа народ во Собранието и нападот на пратеници, на 27 април 2017 година, Демократската Унија за Интеграција апелираме до сите политички партии вакво нешто повеќе да не се повтори“, стои во партиското соопштение лиферувано до јавноста.
ДУИ, се вели во соопштението, го осудува говорот на омраза што се слушнал за време на протестот организиран во неделата во одбрана на обвинетите и осудените лица за настаните од 27-ми април.
Појавувањето на менталитетот од пред 2001 година не е и личел на држава како што е Македонија бидејќи тоа го отежнува континуираното градење на доверба меѓу нашите народи, сметаат интегративците.
Од партијата сметаат дека сите архаични и регресивни идеи треба да бидат осудени од учесниците на протестот и истите да се дистанцираат за да не се идентификуваат со нив.
„Демократската Унија за Интеграција беше, е и ќе остане посветена на функционирањето на земјата како што и прилега на земја-членка на НАТО и земја која во блиска иднина има за цел да стане дел од Европската унија“, се наведува на крајот на соопштението.