Пратеникот во Европскиот парламент и шефот на делегацијата за односи со Белорусија, Роберт Бедрон, изјави дека во инцидентот со авионот на компанијата „Рајан Ер“ во Минск би можеле да бидат вмешани и Русите. Тој, меѓутоа, додаде дека овие информации сеуште не се потврдени.
„Сакав со вас да ги споделам информациите кои стигнуваат до нас, до Европскиот парламент, кои сеуште до крај не се потврдени. Се чини дека агенти на руското КГБ го следеле Роман Протасевич. Многу веројатно е дека тој одамна е под лупа на разузнавачките служби на Белорусија и Русија“, им изјави Брендон на новинарите.
„Од нашите податоци произлегува дека агенти на КГБ биле во авионот и го напуштиле веднаш по слетувањето во Минск. На тоа укажуваат многу информации. Тоа ште треба да се истражи, дипломатските служби на Европската унија работат на ова прашање“, додаде парламентарецот.
Авионот на „Рајан Ер“, кој леташе од Атина за Вилнус, на 23 мај принудно слета на аеродромот во Минск заради соопштението дека во него има поставено бомба. На лице место се упатени деминери. Информациите за пронајдена каква било експлозивна направа не се потврдени, а Истражниот комитет на Белорусија соопшти дека покрена кривична постапка заради лажно пријавување за минирање.
Белоруските активисти за човекови права соопштија дека основачот на каналот „Некста“ на Телеграм, кој што во Белорусија се смета за екстремистички, Роман Протасевич, летал со овој авион и дека бил приведен при проверката на документите на аеродромот.
Протасевич во оваа држава е ставен на списокот на лица вмешани во тероризам. Против него е покрената кривична постапка по неколку основи, вклучувајќи и за „организирање на масовни немири“. Нему му се заканува казна до 15 години затвор.
Праксата за принудно слетување на авион се случувала и порано. Најзначаен случај беше присилувањето на авионот на боливискиот претседател Ево Моралес да слета во Виена во 2013 година. Причина за тоа беа гласините дека заедно со Моралес во авионот се наоѓа и поранешниот агент на ЦИА, Едвард Сноуден, кој во Соединетите Американски Држави е обвинет за одавање на државни тајни.