На водечките европски берзи вчера дојде до скок на акциите.
Слабеењето на фунтата и заздравувањето на цената на нафтата го „потурнаа“ главниот индекс на лондонската берза на нов максимум.
Лондонскиот индекс ФТСЕ 100 во еден момент се „катапултираше“ на 7.312,08 поени, со што продолжи да пробива рекорди.
Истовремено, франкфуртскиот индекс ДАКС 30 порасна за 0,7 отсто, на 11.661,70 поени, а парискиот КАК 40 за 0,4 отсто, на 4.908,36 поени.
Во САД, акциите главно стагнираа, затоа што инвеститорите тргуваа со внимателност непосредно пред првата конференција за новинарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп од ноемвриските избори.
Околу 15 минути од отварањето на берзата, индустрискиот индекс Дау Џонс зајакна за 0,2 отсто, на 29.892,48 поени, С&П 500 за 0,1 отсто, на 2.270,32 поени , додека технолошкиот Насдак падна за 0,1 отсто, на 5.548,74 поени.
На валутните берзи беше забележан пад на еврото и фунтата, а пораст на доларот.
Еврото падна на 1,0476 долари, од 1,0521 долари, фунтата на 1,2101 долари од 1,2127 долари, додека доларот скокна на 116,68 јени од 116,36 јени.
Во Азија, токискиот индекс Никеи порасна за 0,3 отсто, хонгкошкиот за 0,8 отсто, додека шангајскиот падна за 0,8 отсто.