Сообраќајната полиција вчера изврши увид во 11 сообраќајни несреќи во Скопје.
Едно лице почина, а пет се повредени во четири сообраќајки, во седум, пак, е причинета само материјална штета.
Санкционирани се тројца возачи кои поминале на семафор на црвено светло, 24 возачи за време на управувањето на возилото не го користеле сигурносниот појас или зборувале на телефон, а 17 возачи го управувале возилото без положен возачки испит.