Новоименуваниот вршител на должност претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје денеска го донесе новиот годишен распоред на судиите од овој суд, дознава Актуелно.мк.
Рибарев, за свој заменик ја именува Славјанка Јанковска, судијката која со само еден потпис ги отфрли таканаречените “бомби” како индиции за постоење на сериозен криминал и корупција и со тоа спречи истраги за високи државни функционери.
Втората шокантна вест е дека со новиот распоред, истрага во предметите во кои постапува Специјалното јавно обвинителство, ќе води и екс-претседателот Владимир Панчевски алијас Иван Ивановиќ-Ивкин.
Освен Панчевски, истраги ќе водат и судиите Ненад Савевски, Александра Поп Стефанија и Елена Илиевска-Јосифовиќ.
На најновиот распоред се имиња на судии зад кои се врзуваа серија скандали поврзани со нивниот начин на постапување. Токму Владимир Панчевски, освен што ќе води истраги ќе раководи и со Кривичен совет во кој ќе учествуваат и судиите Љубинка Башеска и Лидија Петровска, позната по скандалот наречен “Сваровски”.
Судијката Моника Бахчованоска, која не пресуди ниту една телевизија за прекршувања во екот на изборната кампања, се најде на првото место во Одделот за полнолетни, а таму е и името на судијката Софија Лаличиќ чиј што глас, исто така, можеше да се слушне во таканаречените “бомби” на Заев.
Сега веќе поранешната в.д. претседателка Татјана Михалјова, со новиот годишен распоред, сс најде во Одделот за организиран криминал и корупција, а таму се и судиите: Горан Бошевски, Верка Петковска, Ленка Давиткова, Лидија Петровска и Ивица Стефановски.