Најмалку 10 лица се повредени од силната експлозија што денес во 14 часот се случи пред зградата на обвинителството во турскиот град Измир.
Двајцата напаѓачи настрадале во престрелката со полицијата.
Полицијата трага за третиот осомничен.
Повредените се префрлени во болница и, според болнички извори, се во критична состојба.
На местото каде што се случи инцидентот се наоѓаат припадници на полицијата и екипи на Итната медицинска помош.
Експлозијата што ја предизвика автомобил-бомба се случи пред влезот „Ц“ кој го користат судии и обвинители.
Ова е последниот во низата терористички напади кои последните месеци ја потресоа Турција.
Одговорноста за нападот ја превзеде Исламска држава.