Епидемијата од корона вирус во земјите од регионот и понатаму не запира. Хрватска повторно има повеќе од 7.000 новозаразени, а Романија дури 332 смртни случаи за еден ден.
Во Словенија во последните 24 часа се пријавени 3.662 новозаразени, од 9.220 тестирани. Моментно се активни 45.395 случаи. Регистрирани се 23 починати од последици од ковид-19, вкупно 5.000 од почетокот на пандемијата.
Во Хрватска денеска има 7.270 заразени, што бројот на активни инфекции го зголеми на 39.034. пријавени се 63 смртни случаи, вкупно 10.113 од март лани досега.
Во Босна и Херцеговина се тестирани 3.411 лица од кои 857 биле позитивни на корона вирус, а регистрирани се 27 починати лица, вкупно 12.053 откако се разви заразата низ светот. Во Република Српска, пак, има 312 позитивни на ковид-19 од вкупно направени 838 тестирања, а починале 16 лица, или вкупно 5.014.
Според последниот пресек на епидемиолошката состојба во Црна Гора регистрирани се 409 новозаразени и четири смртни случаи. Тестирани се 2.663 лица на новиот корона вирус. Вкупниот број на моментно активни случаи е 4.383, а бројот на починати е 2.231.
И во Албанија расте бројот на новоинфицирани. Денеска таму има 616 заразени, а 10 лица ја загубиле битката со короната. Активни се повеќе од 8.000 случаи.
Унгарија во последните 24 часа пријави 130 починати пациенти и 10.767 новозаразени. Бројот на активни случаи таму е 121.138, а бројот на смртни случаи порасна на 32.645 лица.
И во Бугарија и Романија се зголеми бројот на новозаразени и починати.
За 24 часа во Бугарија биле направени 31.683 тестирања, од нив 2.839 биле позитивни, а има 164 починати. Моментно во државата има 110.988 активни случаи, а бројот на умрени таму е 26.840.
Романија денеска пријави 3.076 новозаразени и 332 смртни случаи.
(Фото: ЕПА)