Командантот на естонските специјални единици полковникот Рихо Јухтеги вели дека знае како да ја запре руската војска во случај на евентуална агресија на Естонија.
Како што вели, тоа прашање било секогаш на дневен ред, пред се тврдењето дека Русите за само два дена ќе стигнат до Талин.
„Можеби е тоа и точно, но цела Естонија за два дена нема да ја добијат. Тие можеби и ќе стасаат за два дена до Талин, но ќе им ги пресечеме линиите за комуникација и снабдување. Ќе дојдат до Талин, но туке и ќе умрат, и тие го знаат тоа“, рече Јухтеги, пренесува весникот „Политико“.
Според неговото мислење, запирањето на Русија бара ангажман не само на војската, туку и на секој граѓанин на Естонија посебно.
„Се обидуваме да им објасниме на луѓето дека отпорот при војна треба да се пружи истиот момент, оттука е и неопходно да ги научиме граѓаните што треба да напорават во случај ако нешто се случи“, додава тој.
Нешто претходно поранешниот естонски претседател Томас Хенрик Илвес изјави дека во случај на напад на Естонија, Русија би останала пред се без Санкт Петербург, а потоа и без Томск и Омск.