Само една недела по последната спектакуларна ерупција, вулканот Етна на Сицилија вчера повторно исфрли лава и огромен облак од пепел.
Ерупцијата од југоисточниот кратер фрли облак од пепел висок 12 километри во воздухот, објави Националниот институт за геофизика и вулканологија во Катанија.
Засега нема информации за штети или жртви, иако мештаните велат дека пепел и прашина им паѓа од небото. Блискиот аеродром во Катанија, јужно од вулканот, привремено ги прекина сите летови.
Вулканот последен пат еруптираше на 10 февруари и оттогаш е многу активен.
(Фото: ЕПА)