Американската фармацевтска компанија „Џонсон & Џонсон“ почна да ја доставува својата вакцина против коронавирус во земјите од Европската унија.
Портпаролот на компанијата изјави дека целта е во 2021 година да се испорачаат 200 милиони дози вакцини–во ЕУ, Норвешка и Исланд.
„Џонсон и Џонсон“ развија вакцина што се дава во единечна доза–без потреба од ревакцинација.
„Првите дози ги напуштаат магацините“, рече портпаролот на Европската
комисија на прес-конференција.
Информацијата ја потврди и Питер Лиси, еден од германските претставници во ЕУ од редовите на ЦДУ–партијата на германската канцеларка Ангела Меркел.
„До неодамна беше нејасно дали планот ќе се исполни. Меѓутоа, сигурна е испораката на 50 милиони дози вакцини во вториот квартал“, кажа Лиса, истакнувајќи дека тој добил такви информации од компанијата и Европската комисија , која ги координира разговорите со производителите на вакцини.
Американската компанија се обврза до крајот на јуни на ЕУ да и испорача 55 милиони дози и уште 120 милиони во текот на последните четири месеци од 2021 година, изјави претходно европскиот комесар за индустрија Тиери Бретон.
„Џонсон & Џонсон“ објавија дека почнале со испораките во земјите на ЕУ, Норвешка и Исланд, но не сакаа да зборуваат за акциите за април и вториот квартал од 2021 година.
Компанијата, сепак, е прецизна дека нејзина цел е во 2021 година да испорача 200 милиони дози вакцини во ЕУ.