Натпреварот од ракометната Лига на шампиони меѓу Вардар 1961 и ПСЖ што беше закажан за 10 декември во Скопје ќе се одигра во друг термин.
Пресметката меѓу македонскиот и францускиот првак е одложена, откако Вардар 1961 ја извести Европската ракометна федерација (ЕХФ) дека има позитивни ракометари на коронавирус во своите редови.
„Во нашата екипа се појавија новозаразени членови за што веднаш ја известивме ЕХФ и клубот со кого требаше да играме. Одлучено е средбатада се одложи и да се закаже во друг термин“, соопшти македонскиот и актуелен европски првак Вардар 1961.