Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, ја донираше својата декемвриска плата за социјално загрозените семејства, а финансиски средства одвоија и вработените во општината.
Центарци подготвија и пакети со облека, средства за хигиена и храна.
Вработените во општина Центар организираа неколку хуманитарни активност за помош на деца кои потекнуваат од социјални семејства, а живеат на територија на општината.
Во овие активности беа собрани околу 760.000 денари, од кои 600.000 денари се донациија од артистите кои настапуваа на пречекот на Новата година на „Сквер Јадран“.
Средства за помош за социјално загрозени групи донирале и неколку компании.
Од Општината информираат дека парите што ќе бидат собрани, ќе бидат транспарентно и јавно доделени на оние на кои им се најпотребни.