„Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 48 лица им се издадени решенија за изолација, а 17 лица потпишале изјави за самоизолација“, соопшти МВР.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во
изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Во однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 52 лица не ја почитувале
забраната за движење, при што приведени се 28 лица, а за останатите се
земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 205 прекршоци