Изборниот конгрес на ЕПП во Загреб не помина без инцидент, па така гостите и делегатите кои во средата навечер доаѓаа на свечена вечера во Музејот на современата уметност, на еден од столбовите на зградата видоа нацртат Кукаст крст.
Покрај нацистичкиот симбол помина и германската канцеларка, јави хрватски РТЛ.
Од Музејот на современата уметност порачаа дека со овој проблем се соочуваат веќе извесно време.