Централното претседателство Демократската унија за интеграција вечерва одлучило да ги даде потписите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со цел тој да стане мандатар.
Сепак, тоа не значи дека со оваа одлука ДУИ станува дел од владата, а официјална одлука за тоа дали ДУИ ќе биде опозиција или не ќе има во понеделник.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети утрово изјави дека се разгледува можноста да поддржи малцинска влада, а таквиот партиски став го кажа и портпаролот Бујар Османи, според кого тоа би било доказ дека ДУИ нема матни бизниси и не гледа по секоја цел да остане на власт.
Претходно, свои потписи за Заев да биде мандатар дадоа и пратениците од Движењето БЕСА и Алијансата на Албанците.