Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, во прво читање, денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за европски прашања.
Станува збор за законот што еднаш веќе беше поднесен во Собранието во минатиот состав од страна на Владата.
Пописот треба да започне на 1 април следната година, а ќе го спроведува Државниот завод за статистика.
Во Собранието седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.