Кокаин чија вредност се проценува на околу 200 милиони евра, запленет е во меѓународна полициска акција, а во таа прилика уапсени се тројца мажи, соопштија португалските власти.
Португалската полиција соопшти дека оваа заплена на кокаин, откриена на една јахта во Атланскиот океан, е најголема во Европа во последните години и најголема во Португалија во последните 15 години.
Полицијата ја лоцирала и пресретнала јахтата долга 24 метри, се наведува во соопштението.
Се сомнева дека кокаинот припаѓал на меѓународна криминална група која дрогата ја увезува во Европа преку Иберискиот полуостров.
Во операцијата учествувале полициите на Португалија и Шпанија, Агенцијата за борба против наркотици од Соединетите Американски Држави и британската Национална агенција за криминал.
(Фото: АП)