Германија денеска ја затвори својата амбасада во Кабул, откако Талибанците влегоа во главниот град на Авганистан.
„Безбедносната состојба драстично се влоши. Германската амбасада во Кабул од денес, 15 август, е затворена, е наведено на сајтот на службата за странци.
Германските граѓани повторно се повикани да го напуштат Авганистан, пренесе Ројтерс.
Западните земји забрзано работат на евакуацијата на вработените во своите амбасади во Кабул, додека руската амбасада, според изјава од таму за медиумите, засега нема потреба од каква било акција за спас на својот дипломатски персонал.