Обвинувањето на Чешка на сметка на Русија за експлозија во магацин за оружје во Врбетици е ‘скрпено на брза рака’, а чекорите кои потоа ги превзедоа можат да ги уништат односите меѓу двете држави“, соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Тоа е апсурд, лудило на денешнината, кога постои можност да се слушнеме, се оперативно да погледаме, провериме и да се занимаваме со факти. Но, изгледа дека живееме во современ свет, каде што тоа што е очигледно не е доказ“, рече Захарова.
Според нејзините зборови, зад однесувањето на Прага „стојат Соединетите Американски Држави кои управуваат со НАТО и му даваат тон на целиот западен информативен простор“.
„Одлично сфаќаме дека тоа не беше избор на луѓето од тие држави (Чешка и Полска кои ги протераа руските дипломати) … Зад тоа стојат политички сили кои се грижат, не за националните интереси на тие држави, туку за политичката порачка од Вашингтон“, тврди Захарова.
Одбивањето на Прага да ги открие сите детали од експлозијата покажува дека се работи за лажни вести.
„Тоа и е доказ дека сета оваа историја – се измислени, валкани и одвратни лажни вести. Кога се работи за трагичен случај, луѓето, официјалните лица на одговорните структури ја користат сета можност да ја откријат правата вистина“, изјави Захарова.
Претставничката на надворешнополитичкиот ресор потсети на обвинувањата на Лондон на сметка на Александар Петров и Руслана Боширова за кои сметаат дека го отруле поранешниот разузнувач на руската служба ГРУ, Сергеј Скрипаљ, во Солсбери. Петров и Боширова соопштија дека патувале во Велика Британија само како туристи и никако за „друга намена“.
„Традиционално саканата двојка Петров Боширова во акција. Тоа е изгледа добитна карта, не еден џокер, туку два џокера. Се се користи – секој мит, лага, само да се сврте вниманието од ситуацијата внатре во земјата“, додаде Захарова.
Москва го поврзува протерувањето на дипломатите со откриената завера околу обидот за државен удар во Белорусија.
Чешкиот премиер Андреј Бабиш соопшти дека Прага ги сомничи руските разнунувачки служби дека се одговорни за експлозија во магацин за муниција во селото Врбјетице во 2014 година. Истиот ден, чешкиот министер за надворешни работи, Јан Хамачек, изјави дека неговата земја протерува 18 руски дипломати.