Министерот за здравство Венко Филипче информира дека утринава разговарале за воведување дополнителна мерка – за влез и за излез од нашата земја за сите граѓани, наши државјани или странци, да биде барана потврда за примена вакцина, негативен ПЦР-тест или доказ дека ја прележале болеста (но не подолг период од 45 дена од заразувањето).
За оваа мерка утре дополнително ќе се дискутира и на седница на Влада.
„Утре ќе се разговара како за мерката, така и за времето, за тајмингот кога ќе биде тоа имплементирано, имајќи предвид дека многу граѓани сега се надвор од земјава“, изјави министерот Филипче.
Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за повратниците од Авганистан, рече дека било разговарало да биде задолжителен 14-дневен карантин и вакцинација против Ковид-19.