Земјотрес со јачина од 5, 1 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди Егејското Море, соопшти турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.
Епицентарот на земјотресот бил во западната провинција Измир, на длабочина од 3, 97 километри, јави агенцијата Анадолија.
Регистриран е последователен земјотрес со јачина од 4,3 степени, а на длабочина од 7, 16 километри.
Засега нема информации за жртви.