Главниот преговарач на Република Албанија со Европската унија, Зеф Мази е во еднодневна посета на Македонија.
За време на денешниот престој во Скопје Мази ќе има средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери, и со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Како што соопшти македонското Министерство за надворешни работи, на средбата Османи и Зеф ќе разменат мислења за ЕУ пристапните процеси, прогнозите за усвојување на преговарачките рамки и организација на првите меѓувладини конференции со Унијата.