Баварскиот премиер Хорст Зехофер го повика новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, да ја посети оваа германска покраина.
Зехофер му честиташе на Трамп на изборната победа и нагласи дека тој „секогаш е добредојден во Баварија“, беше речено денес во кругови блиски на баварската влада во Минхен.
Како конкретна прилика за доаѓањето на Трамп во Баварија, Зехофер ја наведе минхенската безбедносна конференција која ќе биде одржана од 17 до 19 февруари, што е четири недели после инаугурацијата на Трамп, пренесува „Билд“.