Научниците идентификуваа ген кој ја намалува сериозноста на болеста предизвикана од Ковид за 20 проценти, што ќе помогне да се создадат нови лекови за лекување на луѓето со вирусот.
Научниците од Шведска утврдиле дека станува збор за ген кој „му кажува“ на телото да произведе протеин кој е ефикасен за уништување на честичките од вирусот SARS-koV-2. Протеинот OAS-1 варира во должина, а кога е подолг, подобро успева да ги уништи честичките на вирусот.
Генот кој ја одредува неговата должина се наоѓа во различен процент кај луѓе со различно потекло. Утврдено е дека една третина од луѓето во Европа можат полесно да се борат со инфекцијата со коронавирус.
Истражувачите од Каролинскиот институт во Шведска наведуваат дека овој ген го има осум од десет луѓе со африканско потекло.